Top Sport

Савичевиќ: Хајдук нудеше повеќе, но Црвена звезда е најголем клуб на овие простори

Легендарниот црногорски фудбалер Дејан Савичевиќ во интервју за словенечките медиуми откри зошто ја избрал Црвена звезда пред Хајдук од Сплит, иако понудата од „билите“ била подобра.

„Звезда најмногу ми се допаѓаше, додека Хајдук понуди најдобри услови. Многу повеќе од таа на Звезда, можеби 30-40 отсто повеќе! Тоа беа многу пари во тоа време, но не згрешив што ја избрав Звезда, најголемиот клуб на овие простори. Напишавме историја, ја освоивме Лигата на шампионите и сега ќе чекаме многу години за такво нешто да се повтори“, вели Савичевиќ.

Иако подоцна со Милан освои уште една титула од Лигата на шампионите, првата се памети.

„Се е подобро кога ќе ви се случи првпат во животот. Првото деби, првата девојка… Се во мојот живот беше најдобро кога беше најпрво“, објаснува Савичевиќ.

Scroll to Top