Top Sport

Ноќ за историја во НБА лигата

Ноќ на великаните во НБА лигата. Леброн Џејмс, Стеф Кари, Џејмс Харден и Јанис Адетокумбо со своите остварувања изминатата ноќ влегоа во историјата на НБА.

Леброн Џејмс во победата на ЛА Лејкерс над Голден стејт Вориорс (128:97), забележа трипл-дабл (22 поени, 10 скока, 11 асистенции). Леброн е првиот играч кој на возраст од 36 години, забележал најмалку 10 трипл-дабл учиноци.

На истиот натпревар Стеф Кари, стана играч со најмногу асистенции во историјата на Вориорс. На вечната листата тој го мина Гув Роџерс. Кари досега забележал 4.854 асистенции.

Бруклин Нетс со 117:112 го победија Њујорк Никс. Доминираше Џејмс Харден со 21 поен и по 15 скока и асистенции. „Брадата“ е првиот играч во историјата на Бурклин кој забележал трипл-дабл со најмалку 15 поени, скокови и асистенции.

Со трипл-дабл, Јанис Адетокумбо, го предводеше Милвоки до победата над Вашингтон (133:122). Јанис имаше учинок од 31 поен, 15 скокови и 10 асистенции. „Фрик Грик“ е првиот играч во историјата на Милвоки кој на три натпревари по ред забележал трипл-дабл. Седми пат во кариерата Јанис забележал трипл-дабл со најмалку 30 поени, со што на клупската листат го мина легендарниот Карим-Абдул Џабар.

Scroll to Top