Миралем Пјаниќ, не успеа да се наметне во тимот на Барселона. Тој е подготвен да го напушти клубот. Одлуката ја донел и поради најавите дека во Барселона, како слободен играч ќе пристигне Жоржињо Вајналдум.
Шпанските медиуми, тврдат, дека од наредната сезона Пјаниќ ќе игра во англиската Премиер лига. Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, во својот тим сака да го има, Карло Анчелоти.
Пјаниќ, минатото лето, во замена за Артур, од Јувентус се пресели во Барселона.
Од друга страна, Анчелоти сака дополнително да го засили средниот ред на Евертон, откако минатото лето на Гудисон парк пристигнаа Докуре, Алан и Хамес Родригез.