Top Sport

Ибрахимовиќ повторно ќе игра за Шведска

Златан Ибрахимовиќ официјално се врати во репрезентацијата на Шведска. Напаѓачот на Милан доби повик од селекторот, Јане Андерсон, за квалификациските натпревари, за пласман на Светското првенство.

Ибрахимовиќ, последен пат за Шведска настапил на Европското првенство во 2016 година. По натпреварот со Ирска, тој објави крај на репрезентативната кариера. На социјалните мрежи тој им порача на навивачите: „Господ се врати“.

Ибрахимовиќ досега има одиграно 116 натпревари за репрезентацијата, а со 62 гола е шведски рекордер.

Шведска ќе игра против Грузија и Косово во квалификациите за Катар 2022, а ќе одигра и контролен меч со Естонија.

 

Scroll to Top