Фудбалерот на ПСЖ, Бразилецот Нејмар ќе го пропушти и следниот меч за својот тим, во Купот на Франција против Лил, соопштија денеска од таборот на „Светците“.
Нејмар повеќе од еден месец е надвор од теренот поради повреда на мускулот на левата нога, но претходните денови им се врати на тренинзите.
Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино не сака да ризикува нова повреда кај Бразилецот, па најверојатно првиот меч по рехабилитацијата ќе му биде оној против Лион.
Лил во моментов е лидер на табелата во Лига 1 со 63 бода, а Лион и ПСЖ се на делба на втората позиција со по 60 поени.
Мечот од осминафиналето на Купот меѓу ПСЖ и Лил е утре од 17.45, а кај парискиот клуб нема да настапат и Хуан Бернат и Пабло Сарабија.