Top Sport

Белгиската лига гласаше за спојување со холандската Ередивизие

Најголемите белгиски фудбалски клубови гласаа за припојување на холандската Ередивизие во нова „БеНе лига“, која дефинитивно би го зголемила квалитетот на домашниот фудбал. Ова не значи дека ќе дојде до брзо спојување на двете лиги, туку само дека е договорена „основата“ за понатамошни преговори.

„Амбицијата доаѓа од почитувањето на спортските амбиции на клубовите и потребата за економска стабилност. 25-те клуба од Про Лигата се едногласни да дадат шансан а БеНе лигата. За деталите и форматот се разговара помеѓу белгиските и холандските клубови, но нема формална понуда“, се вели во соопштението на Про Лигата.

Минатата година беше направена проценка дека спојувањето на лигите ќе донесе 400 милиони евра во маркетинг и ТВ права.

Scroll to Top