Top Sport

Ако уште еднаш го оперира зглобот Азар ќе мора да ја заврши кариерата

Еден Азар минува низ најтешкиот период во кариерата. Белгиецот ја доживеа четвртата повреда од почетокот на сезоната, нема да игра до крајот на истата, а веројатно ќе го пропушти и ЕУРО 2020.

Азар, не играше два месеци, се врати во тимот на Реал против Елче, во неделата, одигра 15 минути и повторно се повреди. Клубот објави дека станува збор за повреда на зглобот. Трет пат во кариерата Азар има проблем со истиот зглоб.

Докторот Хосе Гонзалес, му препорачува да не го оперира зглобот, бидејќи третата операција може да значи и крај на неговата кариера.

„Третата операција е ризична, постои можност повеќе да не може да игра фудбал“, рекол Гонзалес и дополнил.

„Без операција ќе може за неколку месеци повторно да тренира, но нема да може да игра. Од искуство тврдам дека Азар оваа сезона повеќе нема да игра за Реал“.

Азар за 18 месеци, одигра 36 натпревари за Реал, постигнал четири гола.

Scroll to Top