Top Sport

Дончиќ шоу против Клиперс, Харден ја растури Индијана, Јокиќ влезе во историјата на Денвер

Далас Маверикс ги совладаа ЛА Клиперс со 105:89. Дербито во Западната конференција мина во доминација на Лука Дончиќ, кој ги засени ѕвездите на Клиперс, Каваи Ленард и Пол Џорџ.

Дончиќ натпреварот го заврши со 42 поени, девет скока и шест асистенции. Во тимот на Далас уште четворица кошаркари постигнаа двоцифрен број на поени.

Каваи Ленард постигна 28, а Пол Џорџ 20 за Клиперси.

Деневр Нагетс лесно се справија со франшизата на Мајкл Џордан, Шарлот Хорнетс. Нагетс победија со 129:104. Никола Јокиќ 10 пат сезонава, а 51 пат во кариерата забележа трипл-дабл (12 поени и по 10 скока и асистенции). Српскиот центар влезе во историјата на франшизата од Денвер, против Шарлот го забележа 228 дабл-дабл во кариерата со што го мина на вечната листа легендарниот Дикембе Мутомбо.

Бруклин Нетс се искачија на лидерската позиција на Истокот, откако славеа над Индијана 124:115. Во отсуство на Кајри Ирвинг и Кевин Дурент, Џејмс Харден ги предводеше Нетс. „Брадата“ забележа трипл-дабл од 40 поени, 10 скока и 15 асистенции. За Харден ова е 11 трипл-дабл оваа сезона.

Резултати:

Детроит-Торонто 116:112
Индијана-Бруклин 115:124
Филадлефија-Милвоки 105:109
Вашингтон-Сакраменто 119:121
Чикаго-Сан Антонио 99:106
Кливленд-Бостон 117:110
Хјустон-Голден стејт 94:108
Денвер-Шарлот 129:104
Мемфис-Мајами 89:95
Далас-ЛА Клиперс 105:89

Scroll to Top