Јирген Клоп смета дека мали се шансите, неговиот тим, сезоната да ја заврши меѓу најдобрите четири екипи во Премиер лигата. Сценариото, Ливерпул, да остане без пласман во Лигата на шампионите, би било катастрофално за клубот. Секако „црвените“ имаат шанса да обезбедат настап во елитното натпреварување доколку го освојат трофејот.
Ливерпул, на 11 рунди до крајот на сеозната во Премиер лигата, имаат пет поени помалку од Челси кој се наоѓа на четвртото место.
„Сакам да сум оптимист, но сметам дека е невозможно лигата да ја завршиме на некое од местата кои носат пласман во Лигата на шампионите. Тотенхем го има Бејл кој повторно игра фудбал, Сити и Јунајтед се далеку, а Челси се во одлична форма. Јасно е дека ќе би биде тешко преку Премиер лигата да стигнеме до Лигата на шампионите“, рекол Клоп.
„Ако зборуваме само за Лигата на шампионите, никој не ја освоил во сезона во која има повредени играчи, ние сме во таква ситуација. Во најлош случај нема да играме во Лигата на шампионите, можеби ќе играме во Лига Европа, но и тоа не е сигурно“.
Клоп е сигурен дека ќе остане менаџер на Ливерпул и во случај да не се пласира во европските купови.