До неодамна Александар Коларов (35) беше капитен на фудбалската репрезентација на Србија и првотимец во екипата на Интер, а сега е принуден да бара нов клуб.
Се чини дека бекот со старшно силен удар се наоѓа пред најтешкиот период во кариерата.
Откако селекторот на „орлите“, Драган Стојковиќ Пикси и официјално го пречкрта, сега на неговите услуги не смета ниту тренерот на „Нероазурите“, Антонио Конте.
Италијанските медиуми пишуваат дека Србинот кој минатото лето дојде во Милано од редовите на Рома и кој зема по 3 милиони евра по сезона не воодушевил со своите настапи во „градот на модата“, па нема да биде изненадување ако летово тој ја промени средината.
Со сигурност повторно ќе се подгреат надежите дека Коларов на лето ќе се пресели во Црвена Звезда, но поверојатно е неговото останување во Италија.
Наводно, екс-српскиот селектор, а сега актуелен тренер на Болоња, Синиша Михајловиќ би можел да му пружи „рака за спас“ и ова лето да го доведе во својот тим. Сепак, се уште не е сигурно дали Михајловиќ по завршувањето на сезоната се уште ќе е кормилар на Болоња.