Новиот селектор на фудбалската репрезентација на Србија, легендарниот Драган Стојковиќ Пикси ги предупреди луѓето од сопствената фудбалска репрезентација да не се обидуваат да се мешаат во неговиот избор на играчи во квалификациите за СП во Катар.
Ова доаѓа откако поранешниот српски селектор Славољуб Муслин три години по отказот кој го доби на СП во Русија изјави дека претседателот на сојузот, Славиша Кокеза му „уфрлал“ играчи на списокот. Пикси најави дека вакво нешто нема да толерира.
„Не сум го прочитал тоа, но јас не би чекал три-четири години да кажам такво нешто. Веднаш би го кажал тоа, би седнал тука и би кажал дека нема да работам бидејќи постои притисок. И тоа со име и презиме. Со мене тоа нема да се случи. Секако, можат да се обидат, но да видиме до каде е границата“, вели Стојковиќ.