Top Sport

Пиоли се налути на Јунајтед: Сестра ти има добар тим!

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, вообичаено многу смирен човек покрај аут линијата, не го прифати поразот од Манчестер јунајтед (0:1) на „Сан Сиро“ на најдобар начин откако го пцуеше тренерот на гостите, Киеран Меккена.

Откако Пол Погба обезбеди пласман во четврт-финалето на Лига Европа вчера, Пиоли сметаше дека заслужиле да одат понатаму. Откако Оле Гунар Солскјер му порача: „Добар тим“ по крајот на мечот, Пиоли доби лакт од тренерот Меккена, нешто што го налути Италијанецот.

„Добар тим, мојот газ! Ти си ништо освен идиот. Сестра ти има добар тим“, се слуша Пиоли како зборува на италијански.

Scroll to Top