Селтик нема да им оддадат почит на своите лути ривали Ренџерс на „Олд Фирм“ дербито во недела, потврдија од шкотскиот клуб, откако Ренџерс ја прекина нивната низа од 9 титули едноподруго со фантастична сезона.
Преодниот тренер на Селтик, Џон Кенеди, потврди дека нема да има „шпалир“ за шампионот при влегувањето на стадионот „Паркхед“.
„За тоа разговаравме, и неколку луѓе мислеа дека тоа е прикладно да се направи. Истото беше и пред две години кога ние бевме шампиони и да бидам искрен, не е голема работа. Не се работи за немање на класа, такво нешто, бидејќи нашиот клуб секогаш го докажувал тоа. Но, ова е истата група на фудбалери кои влегоа како шампиони и тогаш не ја добија почитта, и сега од нив се бара да стојат. Тоа го решивме заеднички како група. Ќе влеземе на натпреварот и ќе се фокусираме на мечот“, вели Кенеди.
Кенеди ја посочува 2019, кога Селтик станаа шампиони и на гостувањето на „Ајброкс“ не добија ваква почест.