Поранешната бразилска мега-ѕвезда Роналдињо вели дека уште не му е јасно што правел Роберто Карлос пред голот на Тјери Анри со кој Франција го елиминираше Бразил во четврт-финалето на Светското првенство во 2006 година.
Франција го доби тој меч благодарение на голот на Анри во 57. минута од мечот, кога Зинедин Зидан совршено го најде осамениот напаѓач за клучна победа.
Роберто Карлос тогаш изјави дека тој бил на вистинското место и дека тактиката на тимот потфрлила, меѓутоа Роналдињо не се согласува.
„Уште не можам да сфатам што сакаше тогаш да направи Роберто Карлос. По толку години не ми е јасно“, изјави Роналдињо за „ЕСПН“.