Top Sport

Станковски замина од кормилото на Работнички

Работнички остана без тренер, откако Горан Станковски си поднесе оставка по лошата низа на „романтичарите“ во македонскиот шампионат.

По 1:1 ремито со Академија Пандев и состанокот со управата на клубот, Станковски изјави дека е потребна промена за доброто на клубот. По 25 кола во Првата лига, Работнички се наоѓа на петтата позиција со 29 поени по низата од четири меча без победа (две ремија и два порази) и со мали шанси за пласман во Европа.

„Поднесов оставка од позицијата шеф на стручен штаб на Работнички. Мислам дека ова е вистински потег од моја страна, да преземам одговорност за досегашните резултати на тимот во првенството. На тимот му е потребен нов импулс за да продолжи со подобри игри и резултати, а тренерот е тој што секогаш треба прв да ја преземе одговорноста. Сакам да изразам благодарност до раководството на клубот, претседателот Драган Поповски за укажаната доверба, и на ФК Работнички му посакувам многу успеси во наредниот период. И понатаму верувам дека овој тим може да ги исполни своите цели“, изјави Горан Станковски за официјалниот веб-сајт на Работнички.

Scroll to Top