Литванската УФЦ фајтерка во бантам категорија, Јулија Столиаренко двапати колабираше на мерењето пред мечот против Јулија Авила на УФЦ он ЕСП 21, по што организацијата потврди дека мечот е откажан.
Столиаренко прва застана на вагата, но веднаш ја загуби рамнотежата и падна на параванот зад неа. Откако и беше пружена помош, таа успешно беше измерена, а потоа кога позираше повторно ја загуби свеста и на носилки беше изнесена од салата. Мечот потоа беше откажан.
Поради финансиските казни и можноста мечот да не им се важи во рејтинг-системот, УФЦ фајтерите честопати се на диета пред мечот само да го поминат тежинското ограничување.