Top Sport

Изненадување во Дубаи – Карацев и Херис ќе се борат за титулата

Аслан Карацев го победи својот партнер во двојки, Андреј Рубљов за да се пласира во своето прво финале во кариерата, каде што ќе се сретне со уште едно големо изненадување, Јужноафриканецот Лојд Херис, кој беше подобар во драматичен меч од Денис Шаповалов.

27-годишниот Карацев, кој минатата недела ја освои својата прва АТП титула во двојки, како партнер на Рубљов во Катар, го победи сонародникот со 6:2/4:6/6:4 за пласман во големото финале на АТП 500 турнирот.

Херис, пак, се врати од 2:4 негатива во третиот сет од дуелот со Шаповалов за да стигне до 6:7(5)/6:4/7:6(6) победа, за да го продолжи настапот од соништата во Дубаи. Светскиот рекет број 81 мораше да игра квалификации во Дубаи, со што веќе има одиграно седум меча во исто толку дена. Тој го шокираше првиот носител, светскиот рекет број 4, Доминик Тим во второто коло.

Scroll to Top