Италијанскиот ветеран Грацијано Пеле го постигна својот втор гол во Серија А, со спектакуларни „ножички“ за водство на Парма против Џенова (првиот му беше во далечната 2011 година), но ниту тоа не беше доволно „Дукали“ да избегнат нов пораз (1:2), кој ги доближува до Серија А.
Пеле беше едно од засилувањата на Парма во зимскиот преоден рок во обид претпоследниот клуб на табелата да се спаси од испаѓање, и 35-годишниот поранешен напаѓач на Саутемптон, одговори со спектакуларен гол во 16. минута од мечот на „Енио Тардини“. Џенова, за која Горан Пандев не беше во игра, сепак, имаше џокер – Џанлука Скамака.
Тој влезе во второто полувреме и даде голови во 50. и 69. минута за победа на „Грифоне“, со која најстариот клуб во Италија се одвои на девет поени од зоната за испаѓање, каде што останува Парма. Парма е на 19. место на табелата со 19 поени, четири помалку од Торино, првиот клуб кој е „безбеден“.