Црвена звезда успеа да се врати од негатива од 11 поени за да ги совлада Панатинаикос со 86:82 на гости, благодарение на 16-те поени на Џордан Лојд во последната четвртина, вклучувајќи ја тројката на 47 секунди пред крајот.
Лојд блесна во Атина, постигнувајќи 27 поени, 5 асистенции, 4 скока и 1 украдена топка, додека Кори Волден заврши со 14 поени, иако тимот на Дејан Радоњиќ е официјално елиминиран од трката за плејофот со 9-21 скор.
Панатинаикос имаше 59:48 водстов, по што следуваше неверојатна 18:0 серија на Звезда, во која беше вклучено и исклучувањето на тренерот на ПАО, Одед Каташ поради расправање со судиите. Хауард Сант-Рус постигна 21 поени и имаше 7 скока за Панатинаикос, и тој беше човекот што израмни на 79:79 пред фуриозниот Лојд да влезе во ритам. Марио Хезоња имаше 15 поени, додека Јанис Папапетру и Јоргос Папајанис завршија со 14 поени.
ЕВРОЛИГА, 30.КОЛО
Химки – Валенсија 68:77 (17:27, 21:17, 11:14, 19:19)
Панатинаикос – Црвена звезда 82:86 (23:17, 17:23, 19:20, 23:26)
Баерн Минхен – Анадолу Ефес 80:79 (18:23, 19:23, 22:17, 21:16)
Армани Милано – Барселона 56:72 (12:15, 17:23, 15:17, 12:17)