Новак Ѓоковиќ се откажа од настап на мастерсот во Мајами. Во 2019 година на овој турнир, Ѓоковиќ беше елиминиран во осмина-финалето, што значи дека ќе остане без 45 поени на АТП листата.
„За жал оваа година нема да играм во Мајами. Решив овој период да го минам со семејството, бидејќи потоа ми следува период со многу патувања и турнири“, напишал Ѓоковиќ на социјалните мрежи.
Покрај Ѓоковиќ учеството во Мајами го откажаа Рафа Надал и Роџер Федерер.