Играчот на Олимпик Марсеј, Андре-Франк Замбо Ангиса потврди дека нивниот тренер Руди Гарсија им порачал на играчите да го провоцираат бразилскиот фудбалер на Пари Сен-Жермен, Нејмар во текот на 2:2 ремито во неделата.
Нејмар го постигна израмнувачкиот гол, но потоа доби два жолти картони за да биде исфрлен од мечот.
„Мојата работа беше да го боцкам со прстите. Тренерот ме предупреди дека тој е неверојатен талент, но дека лесно ја губи контролата. Затоа, без да правиме големи фаули, решивме полека да го провоцираме и успеавме во тоа. Во еден момент, тој беше на десната страна и јас истрчав 30 метри за да го фаулирам. На почетокот беше опуштен, но потоа навистина се нервираше. Тоа беше нашата цел и дефинитивно бевме построги кон него. Но, неговиот црвен картон не значеше многу. Немаше намера да го повредиме“, вели Замбо Ангиса во интервју за „Л’Екип“.