Шпанската голманска легенда, Икер Касилјас, го имаше својот 1.000 официјален настап во понеделникот, во гостувањето на Порто кај Ос Белененсес, иако „прославата“ не помина најдобро бидејќи неговиот тим загуби со 2:0.
Касилјас е една од легендите на фудбалската игра, а за неговите квалитети најдобро зборува тоа што и на 36 години еден клуб како Ливерпул е заинтересиран за неговите услуги.
Касилјас освои три титули од Лигата на шампионите со Реал Мадрид, пет трофеи од Ла лига, и сега е само вториот Шпанец со толку натпревари, по уште една легенда на „Лос бланкос“, Раул. Раул во кариерата играше на 1.033 мечеви, додека во топ 3 беа уште и Чави (956) и Андони Зубизарета (968). Како што тргнал, Касилјас наскоро може да биде и апсолутен рекордер.
Фото: ЕПА