Мануел Фелер најдобрата сезона во неговата кариера ја комплетираше со драматична победа на последниот слалом од сезоната во швајцарскиот Ленцерхајде, триумифрајќи пред двајца Французи.
28-годишниот Австриец, кој во јануари ја оствари својата прва победа во СК, надополни речиси цела секунда зад Клемен Ноел за да стигне до победа со 0.08 секунди предност пред Французинот, додека третото место го освои освојувачот на Светскиот куп, Алексис Пинтуро. Освојувачот на слаломската титула, сонародникот на Фелер, Марко Шварц беше само шести.
Покрај Пинтуро, големиот кристален глобус кај дамите отиде кај Словачката Петра Влхова. Трофеите во спуст ги освоија Швајцарецот Беат Фојц и Италијанката Софија Гоџија, во супер-џи шампиони се Австриецот Винсент Крихмаер и Швајцарката Лара Гут-Бехрами. Во техничките трки – Пинтуро го освои и глобусот во велеслалом заедно со Италијанката Марта Басино, додека во слалом шампион се Шварц и неговата сонародничка Катарина Линсбергер.