Пресметката на шкотските лути ривали, Селтик и Ренџерс, прва по освојувањето на титулата на Ренџерс по 10 години пауза, заврши со многу искри, но и без победник, со 1:1 реми.
Тимот на Стивен Џерард, како што беше најавено не доби „шпалир“ како нов шампион од страна на Селтик, кои поведоа со голот на Мохамед Елјунуси во 23. минута, пред колумбискиот ас Алфредо Морелос да израмни во 38. минута од мечот.
Ренџерс ја прекина низата од девет титули едноподруго на Селтик оваа сезона и во моментов има 89 поени, дури 20 повеќе од својот градски ривал.