Top Sport

„Колапс“ на Јуве против Беневенто – Интер на чекор до титула?

Јувентус доживеа неверојатен 0:1 пораз на домашен терен од Беневенто на Пипо Инзаги, резултат по кој „бјанконерите“ остануваат на фантастични 10 поени од првото место на Интер, поставувајќи го прашањето дали трката за титулата во Италија е веќе „готова“.

Мечот кој започна со доделување на дрес со натписот GOAT (најголем на сите времиња) на Кристијано Роналдо од страна на газдата на Јуве, Андреа Ањели по неговиот хет-трик против Каљари минатата недела со кој стигна до 770 гола во кариерата, на крајот заврши трагично за тимот на Андреа Пирло.

Човек на одлука беше аргентинскиот напаѓач на Беневенто, Адолфо Гаич, кој во 69. минута од мечот постигна фантастичен гол за три поени. Со победата Беневенто се искачува на 16. место на табелата со 29 поени, седум поени над зоната за испаѓање. На врвот во Серија А, пак Интер има 65 поени, Милан се втори со 56, а Јуве остануваат на 55 поени.

СЕРИЈА А, 28. КОЛО

Јувентус – Беневенто 0:1

Сампдорија – Торино 1:0

Удинезе – Лацио 0:1

Scroll to Top