Top Sport

Крис Пол ја префрли бројката од 10.000 асистенци во кариерата

Крис Пол, изминатата ноќ, стана шестиот играч во историјата на НБА лигата, со 10.000 асистенции во кариерата.

Финикс Санс забележаа победа над Лос Анџелес Лејкерс (играа без Леброн Џејмс и Ентони Дејвис) со 111:94. Големиот Си-Пи 3, натпреварот го заврши со трипл-дабл од 11 поени, 10 скока и 13 асистенции. Деветтата асистенција на овој меч беше 10.000 во неговата кариера.

Пред Пол на листата се Меџик Џонсон, Марк Џексон, Стив Неш, Џејсон Кид и недопирливииот Џон Стоктон. До крајот на сезоната веројатно Пол ќе го престигне Меџик Џонсон, кој во овој момент има 137 асистенции повеќе.

Инаку, на Пол му недостигаат уште 500 поени за да стане првиот играч во историјата на НБА лигата со 20.000 поени и 10.000 асистенции.

 

Scroll to Top