Top Sport

Абидал: Ќе го вратев Нејмар во Барса, но бордот реши да се оди по Гризман

Поранешниот спортски директор на Барселона, Ерик Абидал, тврди дека во 2019 година можел да го врати Нејмар на „Ноу Камп“, но дека бордот на клубот решил да се потпише договор со Антоан Гризман од Атлетико Мадрид.

„Десет дена пред крајот на преодниот рок отидов во Париз да зборувам со спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо и зборувавме за Нејмар. Мислам дека беше јасно дека одиме да го земеме. Да не потпишевме со Гризман, 100 отсто сум сигурен дека Нејмар ќе се вратеше во тимот. Не се работи за тоа кој фудбалер е подобар, туку за која позиција ви треба во клубот. Претседателот реши дека Гризман е вистинскиот избор. Проблем беше тоа што Нејмар имаше судски случај против тимот, но тој велеше дека ќе се откаже тоа. На крајот не се случи“, вели Абидал.

Французинот беше еден од „жртвите“ на Барселона по 8:2 поразот од Баерн Минхен во Лигата на шампионите на крајот на минатата сезона, покрај менаџерот Кике Сетиен.

„Кога го сменивме Ернесто Валверде во јануари 2020 имаше опција да се донесат Маурисио Почетино, Кике Сетиен, Макс Алегри и Чави Ернандез. Првата опција ми беше Почетино“, додава Абидал.

Scroll to Top