Левиот бек на Вардар, Вуко Борозан, и десното крило на Металург, Александар Гуглета, со своите изданија во Сегед, односно Харков, се изборија за место во идеалниот тим на четвртото коло во Лигата на шампионите.
Вардар во А-групата ремизира во Сегед 26:26. црногорскиот репрезентативец Борозан беше најефикасен кај европскиот првак со осум гола.
„Црвено-црните“ во наредната рунда на 14 октомври ќе ја пречекаат Барселона.
Металург во Харков против Мотор Запорожје имаше девет гола предност во 25. минута, односно шест на полувремето (18:12), но на крајот освои само бод. Седум гола за екипата од Автокоманда постигна десното крило Гуглета.
Металург во наредната рунда, на 14 октомври, ќе гостува во Русија кај Чеховски медведи.
ЕХФ-тим на четвртото коло:
Голман: Иван Пешиќ (Мешков Брест)
Лево крило: Џери Толбринг (Рајн Некар)
Лев бек: Вуко Борозан (Вардар)
Среден бек: Габор Часар (Кадетен Шафхаузен)
Десен бек: Жига Млакар (Целје)
Десно крило: Александар Гуглета (Металург)
Пивот: Камил Сипжак (Барселона). н.ц.