Top Sport

Салах го однесе Египет на СП

Египет на коло до крајот на квалификациите во Африка избори пласман на Светсктоо првенство во Русија. Египет прв пат по 1990 година се пласира на завршната смотра на светскиот фудбал.

Мохамед Салах беше херојот на Египет. Напаѓачот на Ливерпул ги постигна двата гола за својата репрезентација. Првиот во 63 минута, потоа Конго израмни со голот на Моуту во 87 минута, а конечните 2.1 ги постави Салах од пенал во последната минута.

Во пресрет на последното коло Египет има недостижни четири бода предност во однос на Уганда.

Салах му овоможи на неуништивиот голман на Египет наредното лето во Русија со 45 години и шест месеци да стане највозрасниот фудбалер во историјата на светските првенства. н.ц.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top