Фудбалерот на Баерн Минхен, Ерик-Максим Чупо-Мотинг нема да биде дел од камерунската репрезентација за време на интернационалната пауза поради неверојатен пропуст на неговата фудбалска федерација – тие пратиле имејл на погрешна адреса, јавуваат германските медиуми.
За ситуацијата да биде уште поневеројатна, камерунската федерација го пратила мејлот на сопствената адреса, а не на таа на Баерн Минхен.
„Ги контактирав Баерн и тие ми потврдија дека нема повик. Очигледно е дека е направена голема грешка. Тоа е навистина непрофесионално“, изјави Чупо-Мотинг.
Тој ќе пропушти два меча од квалификациите за Африканскиот куп на нации.