Top Sport

Пропаѓа проектот на Јувентус, Пирло е соочен со отказ

Шокантниот пораз од Беневенто и претходно елиминацијата од Порто во Лигата на шампионите, ја отвори Пандорината кутија во Јувентус. Италијанските медиуми пипуваат дека прашање на време е кога тренерот Андреа Пирло ќе добие отказ.

„Ла Република“, пише дека Јувентус нема доволно пари за да го плати Јирген Клоп или Пеп Гвардиола, но има пари за домашен тренер.

Според овој извор, доколку Пирло добие отказ, него на клупата до крајот на сезоната ќе го наследи помошникот, Игор Тудор. Новиот тренер би бил именуван по завршувањето на сезоната.

Наводно прв кандидат бил Симоне Инзаги кој одлично работи во Лацио. Инзаги се уште преговара со клубот околу новиот договор.

Медимите шпекулираат и со името на Џанпјеро Гасперини, под чие водство Аталанта доживеа вистинска ренесанса. Гасперини има работено во Јувентус, во минатото тој бил директор на клупската академија.

Третиот кандидат е Лучано Спалети или како го нарекуваат медиумите „вечниот“ кандидат. Спалетеи беше предлог уште во времето на Марчело Липи.

Scroll to Top