Top Sport

Латиноамериканците „позагреани“ за Мундијалот од Европјаните

Латиноамериканските фанови побрзо купуваат билети за Светското првенство во Русија од европсктие фанови, покажуваат бројките објавени од ФИФА.

Според ФИФА, во последниот период се купени 394.333 билети, од кои 216.134 беа одредени за руските фанови. Фановите од САД се најголеми купвачи од странците со 16.642 билети, иако нивниот тим не е на шампионатот, така што се верува дека се работи за билети купени од големата латиноамериканска популација во Америка.

Следните пет се Аргентина (15.006), Колумбија (14.755), Мексико (14.372), Бразил (9.962) и Перу (9.766). Германија, тимот кој ја брани титулата е најдобар меѓу Европјаните со 5.974 билети, пред Кина (6.598), Австралија (5.905) и Индија (4.509). Кина и Индија исто така не се на Мундијалот.

Последната „тура“ на билети оди на продажба од 18 април.

Scroll to Top