Легендарниот фудбалер на Вележ и Хајдук, Блаж Слишковиќ Бака, во интервју за „Моцарт спорт“, открил интересни детали од својата богата кариера. Една од анегдотите е врзана и за сензационалната победа на Вележ над Динамо Загреб од 9:2.
„Јас и уште неколку играчи на Вележ, заглавивме ноќта пред тој натпревар. Се запивме и в зори се прибравме на спиење. Неколку часа имавме за одмор и дојдовме на натпреварот. Им дадов четири гола, играв фантастично. Судија беше Максимовиќ. Судеше слободен удар за нас од мртов агол. Јас полу-пијан и мамурен му велам дека ќе постигнам гол во спротивниот агол. Тој ме погледна и ми рече: “Бака тоа е невозможно’. Се кладевме во пијачка. Ја наместив топката и погодив. По завршувањето на натпреварот Марко Млинариќ ми рече: ‘Лесно ви беше да не победите, ние синоќа до доцна бевме излезени’. Јас му велам: ‘ Е мој Млинка зарем мислиш дека ние бевме во театар?“.
Слишковиќ ги коментирал и приликите во денешниот фудбал.
„Веднаш ќе ви кажам, најголемите разлики се во цените на фудбалерите. Не гледам некоја голема разлика од она што го поседуваат денешните играчи, во однос на некои претходни години. На пример, која е разликата помеѓу Герет Бејл кој вреди 100 милиони и Иван Гудељ. Или, ако Бејл вреди 100 милиони, Драган Џајиќ денес би вредел милијарда“.