Top Sport

Охриѓанецот Осман ќе игра со Стеф Кари во Голден стејт Вориорс

Голден стејт Вориорс биле сериозно заинтересирани за кошаркарот кој е роден во Охрид, Џеди Осман. Крилниот кошаркар, кој на 8.април ќе наполни 26 години, професионалната кариерата ја започна во Анадолу Ефес, откако шест години како младинец играл во Босна од Сараево.

Кливленд Кавалирс го избраа Осман на драфтот во 2015 година, како 31 пик. Две години подоцна тој се пресели во Кливленд. Оваа сезона има просек од 10 поени по натпревар.

Во замена за Осман, Вориорс, биле подготвени да го испратат во Кливеленд, Кели Убре.

Според американските медиуми, двете франшизи биле заинтересирани размената да биде реализирана до 25.март, кога завршува преодниот рок во НБА лигата.

Scroll to Top