МЗТ Скопје Аеродром со нов тренер ќе ја брани титулата во македонскиот шампионат, откако српскиот стручњак Жељко Лукајиќ поради приватни причини се повлече, а на неговото место ќе дојде неговиот досегашен помошник, 33-годишниот Ѓорѓи Кочов, кој добива договор и за следната сезона.
Кочов е поранешен селектор на македонската јуниорска репрезентација, а лани беше на клупата на Вардар. Негов прв меч ќе биде утрешното тешко гостување кај Блокотехна во Гевгелија.
Лукајиќ во таборот на аеродромци дојде лани во декември, како наследник на Александар Тодоров, по поразот од Работнички на домашен терен. Оттогаш, искусниот српски стратег оствари скор 11-3 во домашното првенство, додека во АБА-лигата имаше учинок од 11 порази и една победа.
Фото: МЗТ Скопје