Top Sport

Осудениот тренер на Динамо Загреб, Зоран Мамиќ влезе во БиХ!

Зоран Мамиќ, поранешниот тренер на Динамо Загреб, кој е осуден на затворска казна, без проблеми преминал во Босна и Херцеговина, каде што одамна во бегство е неговиот брат, поранешниот директор на клубот, Златко Мамиќ, јавуваат хрватските медиуми.

Зоран Мамиќ беше осуден на четири години и 8 месеци затвор за криминал во Динамо Загреб, преминал на граничниот премин кај Славонски Брод без пречки, бидејќи и покрај правосилната пресуда, уште не е пратен на отслужување на казната.

Мамиќ беше приморан да си даде отказ од Динамо, пред фантастичниот успех и 3:0 победата над Тотенхем и постојано изјавуваше дека не се чувствува виновен, но дека ќе се јави на отслужување на казната. Неговите адвокати тврдат дека тој ќе се врати во Хрватска.

Scroll to Top