Top Sport

Еурофарм Пелистер без шанси против Магдебург

Еурофарм Пелистер доживеа висок пораз од 32:24 (15:9) од фаворитот Магдебург во првиот меч од осминафиналето на Европската лига на ЕХФ, со што на реваншот во Германија ќе одат само да ја одбранат честа.

Гостинскиот клуб започна со серија од 0:4, за на полувреме да се отиде со шест гола предност за нив (9:15), за и во второто полувреме бундеслигашот и освојувачот на својата група во Европската лига да го оддржува водството.

Во тимот на Жељко Бабиќ најефикасен беше Стипе Мандалиниќ со шест постигнати гола, додека три уфрли Јосип Периќ, додека за Магдебург, Омар Инги Магнусон даде дури 9 гола. Реваншот е во Германија следниот вторник.

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Scroll to Top