Top Sport

Пјаниќ ставен на трансфер-листата

Миралем Пјаниќ експресно ќе ја заврши својата епизода во Барселона. Донесен како големо засилување, во трејдот со Јувентус, Пјаниќ не ги оправда очекувањата на „Ноу Камп“. Шпанските медиуми тврдат дека Роналд Куман го ставил Пјаниќ на трансфер-листата.

Пјаниќ оваа сезона настапил на 28 натпревари, на најголем дел од нив во игра влегувал како резерва.

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, покрај тоа што не успеа да се вклопи во тренерската филозофија на Куман, со изјавите го разочарал тренерот.

„Не сум и не можам да бидам задоволен. Во кариерата никогаш не сум можел да ја прифатам идејата дека не играм, нема да ја прифатам и сега. Подготвен сум, добро тренирам и чекам, тоа е се што можам да направам. Оваа ситуација не ми оди во прилог“, рекол Пјаниќ пред неколку месеци.

Ваквите испади во медиумите го налутиле Куман, кој решил да го стави 30-годишникот на трансфер-листата. Медиумите шпекулираат дека Пјаниќ ќе се врати во Серија А.

Scroll to Top