Top Sport

Незадоволниот Васкез го напушта Реал Мадрид

Лукас Васкез по завршувањето на сезоната ќе го напушти Реал Мадрид. Шпанските медиуми, пишуваат дека крилниот фудбалер, ја одбил понудата на клубот да ја продолжи соработката. Договорот на Васкез му истекува на 30.јуни.

„АС“, пишува дека Васкез не бил задоволен од условите кои му ги понудил Реал, сметал дека заслужува повеќе и поради тоа решил да замине од клубот, иако тренерот Зинедин Зидан порачал дека сака фудбалерот да остане во тимот.

„Васкез е разочаран, смета дека Реал ги потценил неговите квалитети со понудата што му ја доставиле“.

Незадоволството на Васкез ќе се обиде да го искористи Барн Минхен. Спортскиот директор на клубот, Хасан Салихамиџиќ, веќе ги започнал преговорите со менаџерот на фудбалерот.

„АС“, тврди дека преговорите се движеле во добра насока и дека за неколку дена двете страни би можеле да постигнат конечен договор.

Васкез, од почетокот на сезоната во Ла Лига, настапил на 22 натпревари, постигнал два гола.

Scroll to Top