Фудбалскиот клуб Милан на сите начини ќе се обиде да го задржи голманот Џиџи Донарума. Преговорите околу новиот договор на Донарума траат неколку месеци, а како што стојат работите субината на преговорите е во рацете на менаџерот Мино Рајола.
Последната понуда на Милан изнесува осум милиони евра по сезона. Донарума, според актуелниот договор заработува шест милиони евра.
За неколку дена техничкиот и спортскиот директор на Милан, Паоло Малдини и Даниеле Масаро, го очекуваат одговорот на Рајола.
Според италијанските медиуми, Милан не може да оди повисоко од оваа понуда, поради тоа во клубот веќе имаат алтернативи, доколку Донарума реши да го напушти клубот. Кандидати за наследник на Донарума се Мик Мегнан (Лил), Хосе Мусо (Удинезе) и Пјерлуиџи Голини (Аталанта).