ФИФА, му изрече дополнителна суспензија од шест години на својот поранешен претседател, Сеп Блатер. Иста казна добил и поранешниот генерален секретар на ФИФА, Жером Валке.
Блатер повеќекратно го прекршил етичкиот кодекс на организацијата. ФИФА соопшти дека новата казна ќе стапи во сила, кога во октомври ќе истече актуелната суспензија.
Судската комора на Етичкиот комитет на ФИФА утврдил дека 85-годишниот Блатер ги кршел правилата кои се однесуваат на лојалноста, конфликтот на интереси, прифаќањето на подароци…
За истите работи дополнително е суспендиран и Валке.
Покрај суспензијата Блатер и Валке добија и парични казни. Двајцата ќе треба да платат по 1,5 милиони швајцарски франци.