Top Sport

Валенсија со шунка го убедувала Жињак да дојде на „Местаља“

Поранешниот напаѓач на француската фудбалска репрезентација, Андре-Пјер Жињак го исполни детскиот сон кога во 2010 година потпиша за Олимпик Марсеј.

Тие денови имал повеќе понуди, кариерата можела да го одведе во Англија или Шпанија, но одлуката му станала лесна кога се јавиле од клубот за кој навива тој, но и целото негово семејство.

„Роден сум во Мартигуеса, 40 километри од Марсеј. Цело детство навивав за Олимпик, исто како и моето семејство, па потписот за тој клуб беше исполнување на детскиот сон. Тогаш пред себе ја имав и понудата од Ливерпул“ вели Жињак кој од 2015 година настапува за мексикански Тигрес.

Тој вели дека имало многу понуди, но посебно ја памети онаа на Валенсија. Екипата од „Местаља“ тогаш ја предводеше Унаи Емери, кој му покажал интересен проект, но љубовта кон Марсеј била посилна.

Шпанците имале посебна тактика да го намамат Французинот.

„Ги одбив Валенсија и Ливерпул пред да потпишам за Олимпик. Од Валенсија се обидуваа да ме доведат, испратија авион полн со вкусна ибериска шунка. И тоа го одбив. Тогаш му реков на агентот дека одиме во Марсеј“ се присетува Жињак.

Scroll to Top