Top Sport

„Леброн извини, нема подобар играч од Харден“

Чарлс Баркли, познат по тоа што секогаш зборува без „влакна на јазикот“, повторно ја крена на нозе НБА лигата.

Легендата на Филаделфија и Финикс, член на оригиналниот Дрим тим, смета дека најдобар играч на денешницата е Џејмс Харден.

„Со должна почит кон Леброн Џејмс, Јанис Адетокумбо и сите останати, Харден е најдобар играч во светот. Точка“, рекол баркли.

„Никогаш не сум видел толку добар напаѓач. Мајкл Џордан и Коби Брајант беа подобри во одбраната, но не можеа да постигнат тројка, како што тоа го прави Харден, не беа толку добри во дриблингот и изнудувањето на слободни фрлања…Секогаш кога Харден ќе тргне кон кошот добива слободни фрлања. Тој е напаѓачка машина, ги заслужува пофалбите“.

Харден (31), оваа сезона, просечно по натпревар бележи 25,3 поени, 11,2 асистенции и 7,9 скока.

Scroll to Top