Поранешниот дефанзивец на Интер, Марко Матераци не се возддржа и го истрола потпретседателот на Јувентус, Павел Недвед по неговите коментари за деветте италијански титули во низа на „бјанконерите“.
Недвед изјави дека неговиот син бил уште во средно школо кога Јувентус ја освои титулата во 2011/12, а сега „вози автомобил и студира на Универзитет, а титулата уште е наша“.
Матераци, кој беше дел од славната генерација на Интер која ја освои тројната титула во 2010 покрај Горан Пандев имаше интересен коментар.
„Павел… Сите му посакуваме дека ќе види како ја освојувата Лигата на шампионите пред да дипломира. Моите деца ја видеа титулата од Лигата на шампионите и Светската титула додека беа во градинка и во основно школо“, коментираше Матераци.