Легендата на германскиот фудбал Лотар Матеус ги демантира новинарските шпекулации дека ќе ја преземе селекторската функција во репрезентацијата на Косово.
Косовските медиуми изминатите денови шпекулираа со информацијата дека токму Матеус ќе ја предводи репрезентацијата во квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство.
„Селектор? Нема шанси! Демантирам дека постои можност да ја преземам селекцијата на Косово“, кусо одговорил Матеус на прашањето на „Б92“
Матеус со тренерската работа не се занимава веќе шест години откако доби отказ од бугарскиот национален тим.