Top Sport

Матеус ќе биде новиот селектор на Косово?

Легендарниот германски фудбалер Лотар Матеус би можел да стане селектор на фудбалската репрезентација на Косово, шпекулираат локалните медиуми.

Матеус не се занимава со тренерската работа веќе шест години откако доби отказ на функцијата селектор на фудбалската репрезентација на Бугарија.

Претходно тој тренерската кариера ја започна во Рапид Виена, потоа беше тренер на белградски Партизан и со овој тим го оствари најголемиот успех во кариерата кога се пласира во Лигата на шампионите.

Потоа, Матеус беше селектор на Унгарија, на Атлетико Паранаенсе, Ред бул Салцбург и Макаби.

Многу поуспешна е неговата кариера како играч, тој е легенда на Борусија Менхенгладбах, Баерн Минхен и Интер, а настапувал и за американскиот тим Метростарс.

Има одиграно 150 натпревари за германската репрезентација, која како капитен ја предводеше до титулата светски првак на мундијалот во 1990 година, а има и титула од Европското првенство во 1980 година.

Scroll to Top