Полицијата во Њујорк е во потрага на ирската ММА суперѕвезда Конор Мекгрегор, откако тој нападна минибус во кој беа УФЦ борачи пред УФЦ 223 шоуто во сабота, каде што ќе се борат Хабиб Нурмагомедов и Макс Холовеј за старата титула во лесна категорија на Мекгрегор.
29-годишниот Мекгрегор е во Њујорк како поддршка на колегата Артем Лобов, кој ќе се бори со Алекс Касерес, крена една заштитна ограда и ја фрли кон автобусот. Дел од неговите другари исто така удираа кон возилото со канти, столчиња и други објекти.
Борачот во лесна категорија, Мајкл Киеза, кој треба да се бори во сабота, доби исеченица на лицето од стаклото и беше однесен во болница. Во минибусот беше и Нурмагомедов, кој го провоцираше Мекгрегор со неколку изјави минатата недела. Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт вели дека ситуацијата е неприфатлива.
„Ова е криминал. Мораме да осигураме да не се повтори повеќе. Сега има потерница по Конор и полицијата го бара. Не може да замине од САД. Ако не го фатат, ќе се предаде. Ова беше лош потег во кариерата за него“, изјави Вајт.
Во друго видео, се гледа како Мекгрегор и неговите другари влегуваат во лифт во „Барклис центарот“, и се верува дека избегале од местото на инцидентот.
Мекгрегор нема УФЦ меч од ноември 2016 кога го нокаутираше Еди Алварез, а последен пат беше во боксерскиот ринг минатиот август, кога загуби од Флојд Мејведер Јуниор.
yoooooo… first time seeing this one. Conor has legit lost his mind. pic.twitter.com/XcLFd2FIMo
— caposa (@Grabaka_Hitman) April 5, 2018