Герет Бејл, најави дека ќе го следи примерот на Тиери Анри и дека ќе го затвори својот профил на социјалните мрежи. Бејл ги повика и останатите фудбалери да ги бојкотираат социјалните мрежи додека не се реши злоупотребата на овие медиуми.
Бејл реагираше, откако во неделата, расистички навреди добиле неговите соиграчи од репрезентацијата на Велс, Бен Кабанго и Раби Матондо.
„Доколку се обединиме и ги бојкотираме социјалните мрежи и на тој начин го покажаме својот став, веројатно нешто ќе се смени. Доколку тоа сите го направиме во исто време и успееме во тоа да вклучиме влијателни луѓе од светот на спортот и другите сфери на животот, тогаш мислам дека ќе ја постигнеме целта“, рекол Бејл, кој и самиот во минатото се соочува со навредливи коментари на социјалните мрежи.
„Сигурен сум дека Матондо и Кабанго ќе дојдеа кај мене, доколку сакаа совет. Разговаравме кратко, не ги прашав за сите детали. Разговаравме со луѓето од сојузот, вклучена е и полицијата. Лично се обидувам што е можно помалку да ги користам социјалните мрежи, таму има многу отровни луѓе“.