Расел Вестбрук со монструозна партија влезе во историјата на Вашингтон Визардс. Екипата од престолнината на САД, изминатата ноќ, забележа победа над Индијана Пејсерс 132.124.
Расел Вестбрук, на 38 натпревар го забележа 16 трипл-дабл во сезоната, што претставува рекорд за оваа франшиза.
Вестбрук навистина одигра маестрално, забележа 35 поени, 21 асистенција и 14 скокови. Во неговиот тим најдобро го следеше Јапонецот Риу Хачимура со 26 поени.
На спортивната страна се истакна Домантас Сабонис со 35 поени, 11 скока и шест асистенции.
Лука Дончиќ, по пауза од две средби се врати во тимот на Далас и со 25 поени ги предводеше Маверикс до победата над Оклахома сити тандер 127:106. Кај Оклахома се истакна српскиот тинејџер Алексеј Покушевски со 21 поен.
Резултати:
Мајами-Њујорк 98:88
Голден стејт-Чикаго 116:102
Јута-Кливленд 114:75
Бостон-Њу Орлеанс 109:115
Бруклин-Минесота 112:107
Детроит-Торонто 118:104
Хјустон-Мемфис 110:120
Сан Антонио-Сакраменто 115:132
ЛА Клиперс-Милвоки 129:105