Играчот на Манчестер јунајтед и поранешен репрезентативец на Србија, Немања Матиќ, решил да се пошегува со соиграчот Бруно Фернандеш, за фантомскиот гол на Кристијано Роналдо, постигнат во Белград, на дуелот Србија-Португалија (2:2).
Матиќ, во соблекувалната на Манчестер јунајтед, во делот кој му е наменет на Бруно Фернандеш, залепил фото мотажа од моментот кога Стефан Митровиќ ја исфрла топката по ударот на Роналдо.
„Точно е на гол-линијата. Дали сега ви е јасно?“, порачува фото монтажата, која Матиќ ја поставил и на Инстаграм.